Струмичани краделе дрва за огрев па нападнале шумски полицајци

 

Околу 16.00 часот на 15 октомври, во Струмица од страна на шумска полиција било забележано комбе непозната марка натоварено со огревни дабови дрва, откако лицата кои се превезувале во комбето ги забележале, со истото се дале во бегство.

На ул. „Климент Охридски“, било затекнато горенаведеното комбе, отворено со оставени клучеви во бравата, по што двајца шумски полицајци при обид да го стартуваат истото биле попречени во намерата од страна на неколку лица, кои започнале да им се закануваат и навредуваат, при што го оштетиле комбето.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Извор : Вис.мк

 

Comments are closed.