Во Струмица започна Меѓународниот натпревар во спортска ориентација

Меѓународниот натпревар во спортската ориентација „Струмица Опен 2013’’ започна денеска во Струмица . Во текот на денот пристигнаа околу 80 натпреварувачи од странство кои веќе го започнаа тренингот на планината Огражден, каде на локацијата Суви Лаки ќе се одигра дел од напреварите.

Еден од контролорите кој е задолжен за успешна реализација на натпреварот, Јанеш Сумаги, на денешната прес конференција, одржана по повод почетотот на шампионат, изјави дека е задоволен со организација на настанот:

„Во Струмица доаѓам втор пат. Овде сум за да проверам како оди агендата и целата организација. Досега се е во ред и се надевам дека така ќе остане до крај’’ – рече Сумаги.
Инаку, на „Струмица Опен 2013’’ пријавени се 500 натпреварувачи од 12 земји од Европа. Промотивната, прва трка започнува утре во 11 часот на плоштадот „Гоце Делчев’’.

Во 19 часот на истото место свечено ќе биде отворен шампионат со огномет и културно – уметничка програма, а потоа ќе уследи Ноќната трка, закажана за во 20:30 часот.

Comments are closed.