Почна реализацијата на проектот „Глобална едукација“ финансиски поддржан од општина Струмица

 

Во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство  „Контекс Струмица, во Домот на АРМ во Струмица  се одржи првото предавање на тема: „Промените се случуваат: другиот покрај мене”, како дел од проектот „Глобална едукација” наменето за помладата популација, како движечка сила во општеството. На оваа тема пред присутните на предавањето зборуваше магистер Верица Бабамова, член на здружението.

„Промените се случуваат: другиот покрај мене“ е прво од серијата предавања  што се реализираат со финансиска поддршка на општина Струмица на кое се зборуваше за концептите за глобализација, мултикултурализам, интеркултурализам и интеркултурен дијалог, како и значењето на глобалното образование. Целта на предавањето беше, преку запознавањето со различните постојни култури, да се влијае кај младите да се намалат предрасудите и стереотипите, како и негативните ефекти од нив, а во исто време да се зголеми взаемната почит и соработката на едни со други.

Со реализација на овој проект, младите од различните социо-култури ќе имаат можност да се доближат едни до други, заедно да работат, со цел да се запознаат со значењето на глобалното образование. Во рамките на проектот ќе следуваат работилници на повеќе теми, изработка на подлога за видео-запис, како и прирачник за глобално образование.

Comments are closed.