Од утре до недела, Струмица ќе биде домаќин на преку 450 спортисти од Европа и земјава кои доаѓат на „Струмица опен 2013’’, меѓународниот натпревар во спортската ориентација. Покрај спортистите, и струмичани ќе имаат можност да уживаат во спортските денови. Што Ве очекува, како да бидете дел од манифестацијата, и ако сакате да дознате повеќе за овој спорт, прочитајте го следното интервју направено со главните организатори, Ристо Киров и Тони Костов.
Можете ли поблиску да објасните што е спортската ориентација?
Спортската ориентација е спортот кој се одвива во урбани средини (градови, паркови) и планински предели. Натпреварувачот за што пократко време треба да ја помине зададената патека, служејќи се со реквизити – карта за одредениот терен , компас и електронски чип.
Контролните точки кои ги бараат натпреварувачите се во вид на призма со црвено – бела или портокалово – бела боја, и на истите има монтирано базни станици кои го регистрираат поминувањето на секој натпреварувач покрај неа. Ова овозможува на организаторот да го регистрира времето на минување на секој поединец.
Кои вештини треба да ги поседува еден добар спортист во спортска ориентација?
Пред се потребна е добра физичка подготовка и издржливост доколку самиот натпреварувач сака да се пласира во врвот на листата за одреден натпревар. Многу битен дел е и голема самодоверба, снаодливост и брзото меморирање на картата во глава. Ова можеби е најтешкиот дел да се совлада бидејки натпреварувачот со кратко гледање на картата треба истата да ја меморира во својата глава и врз база на тоа да ја одбере најлесната маршута до контролната точка.
Секако, дека сите овие способности лесно можат да се совладаат со редовен тренинг како кондиционо, така и умствено.
Кои нации се познати по овој спорт?
Спортот потекнува од скандинавските земји – Шведска, Норвешка, Данска и Финска. Овие земји, покрај Швајцарија, Чешка и Русија, важат за лидери во овој спорт.
Но, и балканските земји може да се пофалат со одлични натпреварувачи. Имено, за овој натпревар доаѓа вицешампионот на Европа, Кирил Николов, со прекар Дизел кој е од Бугарија и очекуваме овде да ги освои и понесе сите први места.
Што публиката може да очекува од натпреварите на Струмица Опен 2013?
Во петок, со почеток во 11 часот, на плоштадот „Гоце Делчев’’ ќе се одржи спринт трката, а истиот ден и на истото место ќе се одржи и ноќна трка со почеток од во 20:30часот.
На плоштадот ке бидат монтирани две огромни трибини каде што публиката ке може да седи и да ги бодри натпреварувачите, но и да ужива во богата културно – уметничка програма која почнува во 18 часот и ке трае се до самиот старт на натпреварот кој што ке започне со огромен спектакуларен огномет.
Нокната трка ке биде снимена во живо со четири камери и истата ке биде пренесувана на големиот видео екран.
Со ова сметаме дека ке ги задоволиме сите апетити на струмичката публика со што ке им приуштиме голема забава и тоа целодневна во петок.
Во сабота на 19-ти октомври од 10 часот, трките ке се одржат на локалитетот Суви Лаки на планината Огражден. За овој настан има предвидено бесплатен автобуски превоз кој што ке тргнува од пред Т-Мобиле во центарот на градот. Со ова му овозможуваме на секој да дојде и да ги следи трките, а воедно да си дозволи и една прекрасна забава дружејки се со најдобрите ориентациони натпреварувачи на овие простори.
Кои се наградите на Струмица Опен 2013?
Фондот на награди за овој натпревар се движи околу 1500 евра, од кои 700 евра се во медалји и пехари, додека останатите 800 евра се во парични награди кои ке бидат доделени во елитните категории. Имаме предвидено и посебни награди за најдобрите екипи од основните и средните училишта во Струмица кои ке се натпреваруваат во школската лига .
На кој пласман се надева ОК „Еделвајс’’ на натпреварот?
Нашиот клуб ќе настапи со 20-тина натпреварувачи и секако се надеваме на висок пласман, посебно во градските трки со оглед на тоа дека потекнуваат сите од Струмица и дел од теренот им е релативно познат, додека на планинските трки и не очекуваме некои сериозни резултати со оглед на огромната конкуренција која се има пријавено од странство за овој мегународен натпревар. Во секој случај се надеваме дека нашите натпреварувачи доследно ке го презентираат и претстават нашиот клуб.