Кирил Николов, спортист со Гинисов рекорд, доаѓа на Струмица опен 2013

 

Тридневниот турнир во спортска ориентација ,,Струмица Опен 2013’’ стана атрактивен и за актуелните шампиони во овој спорт.

 Во Струмица доаѓа европскиот вицешампион во спортска ориентација, кој неодамна постигна своевиден Гинисов рекорд кога за 23 часа успеа да ги искачи петте највисоки планини во Бугарија со надморска височина од околу 8 километри.  Станува збор за Кирил Николов кој идната година би требало да биде еден од главните фаворити за Европски шампион во спортска ориентација.

 Освен Николов, во Струмица доаѓаат натпреварувачи од светски ранг  од Естонија, Романија, Австрија и од Србија, кои имат намера да ги запознаат терените и патеките во пресрет на Европското првенство  кое ќе се одржи во Струмица идната година.

 Како  што е познато на ,, Струмица Опен 2013’’ ќе се одржи  при крајот на ова недела од 17 до 20 октомври,  во Струмица и локалитетот Суви Лаки и е во организација на ОК  „ Еделвајс’’.

 На овој турнир ќе земат учество  околу  300 натпреварувачи од 11 европски држави и околу 150 учесници од земјава. На трките може да учествуваат и струмичани кои сакат да ја почуствуваат маѓијата на спортската ориентација која е спој на умешност и брзина во изнаоѓање на поставени контролни знаменца во одредена област.

 

 

Comments are closed.