До „Ајверијадата’’, што ќе се одржи на струмичкиот плоштад на 20 октомври со почеток од 12 часот, останаа уште неколку дена.
Конкурсот за освојувањето на една од трите награди за најдобар ајвар уште е отворен. Право на учество има секоја домаќинка која ќе се пријави со една тегла на домашен „ајвер’’.
Пријавувањето е секој ден, најдоцна до сабота 19 октомври, до 16 часот во Домот на АРМ.
Повеќе информации на на телефон 034/ 321 – 456.
Најдобрите три домаќинки ќе бидат наградени:
– Прва награда, 300 евра
– Втора награда, 200 евра
– Трета награда, 100 евра
Минатогодишната победничка: Нада Николова