Започна „Време за театар’’, проект за основците од општина Струмица

 

Младинскиот совет во соработка со Одделот за образование при општина Струмица и Домот на културата „Антон Панов’’ остваруваат заеднички проект насловен како „Време за театар’’.

Со првата претстава , “Волшебникот од Оз “ која се одржа на 14 октомври во НУЦК „Антон Панов’’ беше означен и почетокот на овој проект , чија главна цел е да се научат децата уште од најрана возраст културно да се однесуваат во театар.

Проектот ќе трае во учебната 2013/2014 година и во него се вклучени учениците од основните училишта , од прво до деветто оделение.

Comments are closed.