Во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „КОНТЕКСТ Струмица“, во среда 16 октомври во 16:00 часот во Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи првото предавање на тема: „Промените се случуваат: другиот покрај мене”, како дел од проектот „Глобална едукација” наменето за помладата популација, како движечка сила во општеството. Предавач ќе биде магистер Верица Бабамова.
ПРОМЕНИТЕ СЕ СЛУЧУВААТ: ДРУГИОТ ПОКРАЈ МЕНЕ е прво од серијата предавања во коешто ќе се појаснат концептите за глобализација, мултикултурализам, интеркултурализам и интеркултурен дијалог, како и значењето на глобалното образование; Основната цел е , преку запознавањето со различните постојни култури, да се влијае кај младите да се намалат предрасудите и стереотипите, како и негативните ефекти од нив, а во исто време да се зголеми взаемната почит и соработката на едни со други.
Со реализација на овој проект, младите од различните социо-култури ќе имаат можност да се доближат едни до други, заедно да работат, со цел да се запознаат со значењето на глобалното образование. Во продолжение ќе следуваат работилници на повеќе теми, изработка на подлога за видео-запис, како и прирачник за глобално образование.