Девет интервенции на струмичките пожарникари

 

Вкупно девет интервенции ја одбележаа минатата работна недела на струмичките пожарникари.

Тие локализирале пожари во с. Добрејци, Индустриската зона Север, во атарот на Василево како и на две локациии во градот. Не изостанале и техничките интервенции како миење на коловоз од песочни наноси, отварање на заклучен стан и интервенција на сообраќајна незгода.Најчести проблеми на ТППЕ во овој период биле се запалената сува трева и отпаден материјал.

Comments are closed.