Тиверија Истатов (Струмица) – Конзули (Битола) 2:0
Во петокот се одигра петтото коло од женската фудбалска лига. На стадионот Младост во Струмица пред околу 200 гледачи домаќините ја забележаа 4-та победа во петте одиграни натпревари во првата женска фудбалска лига.
Резултатот го откри Мартина Димкоска во 20-тата минута од натпреварот по една грешка на гостинската одбрана. Со самиот почеток на второто полувреме напаѓачот на струмичанки Ели Јаковска со волеј удар го постигна вториот гол за Тиверијанките. Поседот на топката и шансите во овој интересен натпревар беа на страната на екипата од Струмица.
Крстаноска, Марковска, Ристовска, Спасова, Димкоска можеа да ја наполнат мрежата на Битолчанки кои на голот ја имаа расположената Николовска која одбрани и пенал во 16-тата минута. Единствената шанса битолчанки ја имаа во 77-мата минута по слободниот удар кој го изведе Стефани Скерлеска кога топката ја погоди пречката на Костова.