Одбележан еден век од прогонот на Бежанците

Со финансиска подршка од општина Струмица, а под мотото „Да не се заборави’’, потомците на Бежанците ја одбележија 100 годишнината од прогонот на нивните претци од Егејскиот дел на Македонија и доаѓањето во Струмица.

На свеченоста што се одржа на плоштадот „Гоце Делчев’’, присутните имаа можност да ги слушнат дел од сведоштвата на Бежанците забележени во книгата „Кукушкиот говор’’ , како и народни песни што некогаш тие ги пееле во изведба на Ленче Кукиќ и групата „Јупитер’’ која за оваа прилика го снимише ЦД-то  насловено како „Незаобрав’’. Пред публиката настапија и КУД „Тримери’’ од Струмица и КУД „Русалии’’ од с. Секирник кои, облечени во народни носии на Бежанците, ги преставија традиционалните ора од тој период. Иницијатор на одбележување на еден век од егзудосот е Нада Барјактарова, истотака потомок на Бежанците.

Таа за организирањето на денешната свеченост изјави: „Ова средба ни помага да се потсетиме кои сме, што сме, да не забораваме за нашите корени, нашиот дух и традиција бидејќи тоа е она што не можат да го откорнат и прогонат. Ние сме доказ дека постојат корените на Бежанците’’ – рече Барјактарова. На манифестацијата присуствуваше и градоначалник Зоран Заев.

Comments are closed.