По повод денешниот празник, 11 октомври, претседателот на ОО СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски упати честитка до сите граѓани:
Почитувани мои сограѓани,
Со голема гордост и почит, денес го славиме 11 октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот. Единаесетти октомври е голем празник, светол ден за македонската историја, симбол на македонскиот непокор и еден од темелниците на македонската самобитност и државност.
Ден кога пред 72 години македонскиот народ го крена својот глас против фашистичкиот окупатор и застана на браникот на слободата. Денеска, кога ги ползуваме благодетите на слободата за која својот живот го положија 24 илјади граѓани на Македонија, се поклонуваме пред нивниот непокор и ја повторуваме нашата должност, да го чуваме она за што тие ги дадоа своите животи.
Нека ни е честит денешниот празник!
Нека ни бидат вечни слободата и Република Македонија!
Со почит,
Марјан Даскаловски
Претседател на ОО СДСМ Струмица