Учениците од ООУ „Сандо Масев’’ продолжија и денеска да се дружат преку проектот Отворени забавни фудбалски игри, овој пат на плоштадот „Гоце Делчев’’ каде се натпрерувуваа низ разни спортски игри. На учениците им се придружија и полицајци кој играа фудбал во рамките на проектот „Полицијата помеѓу граѓаните’’.
Проектот Отворени забавни фудбалски школи е подржан од страна на Советот на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.