За 10 дена – „Ајверијада 2013’’

Манифестацијата “Ајверијада 2013” ќе се одржи на 20 октомври 2013 година (недела) со почеток во 12 часот. Истата ќе има натпреварувачки карактер на која ќе биде прогласен најдобриот домашно приготвен “ајвер”.

Заинтересираните кандидати може да земат учество со доставување на две тегли “ајвер” од 700gr, при што истите треба да бидат под шифра, којашто шифра треба да биде запишана и на надворешната страна на затворен плик во кој ќе се содржат податоците на кандидатот : име, презиме, адреса на живеење и телефонски број. Доставувањето на “ајверот” може да се врши во Дом на Арм секој ден почнувајќи од понеделник 14-ти октомври до сабота 19-ти октомври од 09 до 16 часот.

Наградниот фонд изнесува  – Прва награда 300 евра, втора награда 200 евра и трета награда 100 евра (во денарска противредност).

Comments are closed.