Одржан свечен прием за првачињата од општина Струмица

Во чест на првачињата и нивното придружување на Детската оргазнизација на Македонија, денеска во НУЦК „Антон Панов’’ се одржа свечен прием. Постарите училишни другари за нив изведоа приредба, и со игра и песна им посакаа добредојде во „школскиот свет’’.

Како дел од приемот во Детската организација, првачињата сите заедно го дадоа следното ветување: „Ветувам на сиот глас дека моите наставници ќе го почитувам јас! Секоја задача ќе се обидам со леснотија да ја решам, но, ве молам простете ако некогаш згрешам. Од овој момент давам чесен татковински збор, ќе се дружам со другарчињата во училишниот двор!’’.

Успех во школската година на децата им посака и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Инаку, оваа година во општина Струмица во прво одделение запишани се околу 600 ученици.

Comments are closed.