Костадин Мартинов од Ново Село, беше единствениот „глобален херој’’ од Македонија кој учествуваше на големиот маратон во америчките градови Минеаполис и СТ Паул на 6 октомври, на кој учество зазедоа преку 10 илјади професионални и аматерски тркачи од целиот свет.
Мартинов, како преставник на лицата со дијабетес Тип 1 во тимот „Medtronic Global Heroes’’, трчаше маратонска стаза долга 42,2 км, заједно со „глобални херои’’ од уште 12 држави – Австралија, Кина, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Португалија, Шведска, Тринидад и Тобаго, Уругвај и САД.
Костадин МартиновПрограмата наречена „Medtronic Global Heroes“ е лансирана во 2006 година, претставува програма што служи како инспирација за други луѓе кои страдаат од хронични болести.Секој од натпреварувачите на оваа трка има вграден или користи медицински уред што му помага во лекувањето на различни нарушувања на здравјето и при посебни состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, хронични болки, како и невролошки нарушувања и нарушувања во ‘рбетот.