Во Струмица ќе се одбележи 100 годишнината од прогонот на Бежанците

Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев  и Советот на општина Струмица, на 11 октомври ќе се одбележи 100 – годишнината од прогонот на Бежанците под мотото „Да не се заборави, да не се повтори“. Средбата на која се поканети сите потомци на Македонците – бегалци од Егејска Македонија од 1913 година, ќе започне во 12 часот   на плоштадот „Гоце Делчев“.

Според Нада Бајрактарова, претседател на комисијата за одбележување на јубулејот, на средбата ќе бидат презентирани сведоштва на Бежанци вметнати во втората книга „Кукушкиот говор“ на професорот д-р Коста Пеев, а ќе бидат изведени песни и игри од творештвото на Бежанците преку настапот на културно – уметничките друштва „Русалии“ од селото Секирник и  „Тримери“ од Струмица. Во рамките на одбележувањето ќе биде промовирано и цедето „Незаборав“ од Ленче Кукиќ и групата Јупитер.
Најголем дел од прогонетите Македонци од Егејска Македонија во 1913 година се населиле во струмичкиот регион.

Comments are closed.