МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ МУ ГО ЧЕСТИТАА 39 РОДЕНДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАЕВ

Младите од Струмица и годинава му приредија роденденско изненадување на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Околу 150 млади, ноќеска по полноќ, се собраа пред неговиот дом со роденденски капи и маици, му ја испеаја роденденската песна, а  го изненадија и со огномет. Честитајќи му го 39 роденден, му посакаа многу здравје, лична среќа и исполнување на сите негови желби.

Градоначалникот од сé срце им се заблагодари на младите за ова прекрасно изненадување, пожелувајќи им на сите добро здравје и сигурна иднина.

извор: сдсм.орг.мк

Comments are closed.