Струмичките учители го прославија Меѓународниот ден на учителите

Просветните работници од Струмица вечерва го прославија Меѓународниот ден на учителот кој  во светот се одбележува на петти октомври. Учениците од основните и средни училишта приредија свечена приредба во нивна чест, а градоначалникот Зоран Заев кој истотака присуствуваше на свеченоста, им посака среќен ден:

„Да се биде учител, значи да се биде дел од најстарата професија во човекова цивилизација. Да се биде учител во Струмица, тоа значи да се биде следбеник на Арсеније Икосенцев, Стојан Георгиев, и плејада на генерации на учители кои го пренесувале своето знаење на децата од струмичкиот регион. Вие денеска како учители го носите на плеќите товарот и предизвикот да  бидете на висина  на задача, а поддршката од општина Струмица секогаш ќе ја имате.’’ – рече, помеѓу друго,  градоначалникот Заев.

Инаку, Меѓународниот ден на учителот се слави од 1994 со одлуката донесена од страна  на УНЕСКО, а македоските просветни работници го празнуваат од 1995 година.

Comments are closed.