Формирани тимовите за успешна организација на Струмица опен 2013

Во пресрет на меѓународниот турнир во спортска ориентација ,,Струмица Опен 2013,, домакинот и организатор на оваа спортска манифестација  ОК,, Еделвајс,, од Струмица ги формира тимовите за непречено функционирање на тродневниот спортски натпревар.

Во организација на овој турнир на кој учество ќе земат околу 300 натпреварувачи од повеќе европски држави, вклучени се преставници од клубот ,,Еделвајс,, општина Струмица, преставници на ТППЕ – Струмица,, ЈПКД ,, Комуналец,, СВР Струмица, ЈЗУ ,, Општа Болница,, преставници од Младинскиот Совет, основните и средните училишта, преставници на Црвениот крст како и други граѓани и членови на спортски здруженија.

Беше формиран натпреварувачки центар, тимови за сместување, транспорт, паркинг, за брза помош, тимовите за техничка подршка за старт и цел на трките но и контрола на истите. Речиси секој тим брои од 10 до 15 членови кои во периодот од 17 до 20 октомври имат обврска и задача да ги насочат натпреварувачите кон одредиштата на трките но и попратните манифестации.

,, Формирањето на тимови е со цел поуспешна организација на турнирот за подобро да се преставиме пред земјите учеснички кои во јуни идната година ќе учествуваат на Европскиот шампионат во спортска ориентација,, рече Ристо Киров директор на Струмица опен 2013

На овој турнир се очекуваат околу 300 натпреварувачи. На 18-ти се трките во спортска ориентација во Струмица додека на 19-ти и 20-ти октомври трките ќе бидат на локалитетот ,,Суви лаки,, Неодамна организаторите го промовираа и спотот за овој спортски настан насловен како ,,Спротска ориентација за сите,,

Comments are closed.