Здружението „Костурани“ ќе го развива туризмот во Костурино

Здружението на тутунопроизводители „Костурани“ од населеното место Костурино почна со реализација на проектот „Отворен базен на река без застој на вода“ со финансиска поддршка од општина Струмица. Според претседателот на здружението Мите Чурлинов, со овој проект ќе заживее едно излетничко место во близина на селото каде некогаш имало воденица.

Покрај базенот ќе има  клупи и маси и во ова место ќе можат да уживаат жителите од ова и околните населени места.

-Овој проект ќе се реализира во две фази и пред се е наменет за социјалните случаеви, односно луѓето што не можат да одат во Валандово или Струмица, што значи ние како здружение, мислиме и на нив, за да можат овие луѓе на убав начин да го искористат слободното време. Планираме до крајот на оваа година да го завршиме проектот, рече Чурлинов.

Проектот „Отворен базен на река без застој на вода“ е поддржан со 66 илјади денари од буџетот на општина Струмица, а се реализира во рамките на програмата за социјална заштита.

Comments are closed.