Градоначалникот Заев уште еднаш ја потврди својата хуманост

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, уште еднаш како безброј пати досега, на дело ја потврди својата хуманост и солидарност. Тој синоќа со сопругата Зорица присуствуваше на хуманитарниот концерт што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ и донираше средства за помош на младиот Никола Новоселски од селото Муртино кој треба итно да се оперира.

Концертот  го организираа Младинскиот совет, општинската организација на Црвен крст и неколку невладини здруженија заедно со естрадните уметници од Струмица, ансамблот „Тример“ и „Распеани струмичани“.

 

извор: strumica.gov.mk

Comments are closed.