Турново на домашен терен го совлада тимот на Брегалница со резултат од 3-1.Домаќинот дојде до водство преку пеналот кој што беше досуден за Турново во 37 минута, а Блажевски од белата точка беше прецизен за 1-0. По само 8 минути Стојанов во 45-та минута ја затресе мрежата на домаќинот за 1-1. Во второ полувреме Турново беше поуспешен, Ејупи во 82 минута погоди за повторно водство на Турново од 2-1. Во 88 минута играчот на Хоризот Турново, Митрев заработи црвен картон, со што фудбалерите на Хоризонт останаа на терен со фудбалер помалку.
Конечниот резултат го постави Блажевски во 88минута за 3-1 и победа на Турново. Турново моментално е на втората позиција со 14 бодови, додека пак Брегалница и понатаму е на лидерска позиција со 15 бодови. Колото ке биде комплетирано откако ке се одиграт денешни двојки, кои што стартуваат во 15:30ч.
Александар Ванев