И струмичани се запознaa со книгата „Староста може, а и не мора да се дочека“

Книгата „Староста може, а и не мора да се дочека“ на Тихомир Јанчовски излезе во јавностa во јуни оваа година, а синоќa беше промовирана и во Струмица, во Домот на АРМ.

Промоцијата на книгата беше уште една во низата во организација на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ кое има за цел да ја доближи современата македонска поезија поблиску до љубителите на литературата.

Јанчовски до актуелната, последна книга, има објавено пет збирки поезија („Обични зборови“ – Табернакул 1998, „Два“ – Кинематика 2002, „Последно време“ – Блесок 2005, „Осама“ – Или или 2010 и „О, ти!“ – Темплум 2011) во печатено издание и уште четири во електронска форма ( „Последно време“, „Неврзан разговор“ и „О,ти“ – Блесок и „Од збор до збор“ – Офнет 2013).

Поезијата му е објавувана и преведувана и во САД, Словачка, Унгарија…

Comments are closed.