Турново во деветото коло на Кукуш, силите ќе си ги одмери со моменталниот лидер на табелата Брегалница. После 8 одиграни кола, домаќинот, Хоризонт Турново се наоѓа на 6-тата позиција со 11 освоени бодови и гол разлика од 16-12, додека пак Брегалница е на лидерската позиција со 15 бодови и гол разлика од 10-2.
Домаќинот во последните 5 кола има 3 порази, едно реми како и една победа, додека пак Брегалница во последните 5 одиграни кола е подобра, односно две победи, 1 пораз како и два реми натревари. Останатите натпревари од 9-тото коло ќе се одиграт утре со почеток во 15:30ч.
Пелистер – Работнички
Вардар – Напредок
Македонија ЃП – Шкендија
Еуромилк – Гостивар
Ренова – Металург
A.Ванев