Васил Гарванлиев повторно ja освои струмичкатa публика, овoј пат со опера

Како што го најави Васил Гарванлиев својот концертот во Струмица, така и беше вечерва – кратко, слатко, едукативно, провокотавно, лесно и интересно.

Струмичани во голем број дојода да го слушнаат дететo што некогаш ja пееше „Марионка’’, а денеска стана баритон кој го добива своето место на светската сцена.

Неговата замисла да покаже на публиката дека „операта не е толку страшна и сериозна колку што ја мислиме’’ вечерва беше исполнета. Таа уживаше во неговата едночасовна интересна и духовита изведба, а дел од припадниците на понежниот пол добија и рози на поклон.

Comments are closed.