СДСМ СТРУМИЦА: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ под итно да ургираат кај министерот за здраство

Денеска во просториите на ОО СДСМ – Струмица беше одржана прес конференција по повод моменталната состојба на операционите сали во Струмица. Во прилог, интегрален текст од денешната прес конференција: 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста, да ја споделиме загриженоста со пациентите и воедно да ги замолиме пратениците од ВМРО ДПМНЕ и нивното раководство, под итно да ургираат кај министерот за здраство и што побрзо да решат еден огромен проблем, кој всушност самите го направија.

Имено со самиот почеток на реконструкцијата на постоечките операциони сали, нешто што ние го поздравуваме, ја оставија Струмичката болница без операциона сала т.е. има импровизација од операциона сала, која не помина ниту кај санитарниот инспекторат, па сега имаме ситуација во која изминатите денови повеќе стотина пациенти мора да патуваат за Скопје и да ги стават нивните животи на коцка.

Се работи за родилки и пациенти кои бараат итни операциски интервенции па така сега за својот живот ќе се молат дополнителни час и половина, колку што се патува за Скопје.

Ова е апел да час побрзо се среди оваа незамислива грешка, бидејќи кога се работи за живот, не се бројат денови за колку време ќе се готови операционите сали, туку се бројат секунди.

Најмногу од се не чуди зошто не се прифати предлогот на самите лекари да првиот спрат од новото крило се доизгради со уште подобри операциони сали па така немаше да има вакум период  и Струмица – овој регионален центар во 21 век  немаше да остане без операциона сала.

По овој прес очекуваме ВМРО ДПМНЕ да излезат да ја осудат оваа аномалија , да најдат начин да ја поправат штетата, да не се доведат во ситуација следното обраќање биде поврзано со загрозување на човечки живот.

 

Comments are closed.