Струмица дел од регионалната мрежа за развој на поволно деловно опкружување

Општина Струмица е дел од регионалната мрежа за поволно деловно опкружување, прво тело со регионален предзнак задолжено за унапредување на условите за стопанисување во одделните економии и привлекување нови инвестиции формирана во Риека, Република Хрватска.

Договорот за формирање на ова тело го потпишаа институции од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Општина Струмица стана член на регионалното тело затоа што е меѓу осумтте општини во Југоисточна Европа  која во јуни годинава го доби сертификатот за поволно деловно опкружување. Овој сертификат потврдува дека Струмица е стабилна и економски развиена општина и претставува еден вид виза, меѓународен печат за зголемување на инвестициите.

Инаку, Струмица беше една од четирите пилот општини кои беа вклучени во програмата за сертификација која се реализираше во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, ЗЕЛС и Националаната алијанса за локален економски развој, а со финансиска поддршка од германската влада.

Новоформираната мрежа своите активности ќе ги спроведува со вклучување на локалните самоуправи кои го добија сертификатот за општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа, кои пак  ќе спроведуваат реформи во администрацијата во насока на унапредување на процедурите, јакнење на транспарентноста, намалување на бирократијата и обезбедување докуметни и податоци за потенцијалните инвеститори, неопходни во процесите на планирање на работењето и донесување инвестициски одлуки.

Договорот за формирање Регионална мрежа за поволно деловно опкружување е потпишан на Меѓународниот саем на локални самоуправи што се одржува во Риека, а сите сертифицирани општини, меѓу кои и Струмица, настапија заеднички, претставувајќи ги пред потенцијалните инвеститори предностите што ги имаат пред општините и локалните единици на самоуправа кои немаат сертификат.

Comments are closed.