Во рамките на еднодневната посета на Струмица, високиот преставник на Канцеларијата на ЕУ во Македонија, Роберт Лидел, ја посети Академија за образованије, спорт и култура „АБЦ’’ кој е организатор на денешното одбележување на Европскиот ден на јазиците во Струмица.
Директорот на Академијата „АБЦ’’ Стојан Витанов по повод Европскиот ден на јазиците изјави:
“Идеално би било кога секој човек освен мајчиниот јазик ќе познава барем уште еден до два странски јазика. Секако еден од нив треба да биде англискиот јазик бидејќи е неопходно неговото познавање во денешницата без разлика на возраста, професијата или друштвениот статус. Учењето на странски јазик е корисно како за младите така и за старите и никогаш не е доцна да се научи друг јазик , а сето дава можност за разбирање и надминување на културните разлики меѓу луѓето. Како прв човек на институцијата ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите присутни гости и учесници на овој настан , а воедно им порачувам : учете странски јазици бидејќи јазикот е дом кој можеш да го носиш секаде со себе.” – изјави Витанов.
Високиот преставник на Канцеларијата на ЕУ потоа ги посети и просториите на Младински совет – Струмица .