Општина Струмица на интернационален саем во Хрватска

Општина Струмица ќе учествува на НЕКСПО – вториот интернационален саем на Општини организиран од НАЛАС (NALAS- network of associations of local authorities in South Eastern Europe), кој ќе се одржи  од 25 до 27 септември во Риека и Опатија, Република Хрватска.

Саемот НЕКСПО се одржува под мотото „Каде идеите доаѓаат да се сретнат”, а целта е на едно место да се соберат локалните власти и бизнис секторот од Југоисточна Еврпа и пошироко, а на еднодневната конференција претставници од повеќе земји ќе зборуваат за европската интеграција и иднината на регионот.

Овој саем им овозможува на градоначалниците и претставниците на локалните власти да се сретнат со претставниците на бизнис секторот, да ги презентираат нивните идеи и да привлечат потенцијални инвеститори за проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Ова е голема можност за општина Струмица да се презентира пред другите локални власти и бизнисмени, да ги презентира своите потенцијали и конкурентски вредности, инвестициони проекти, да воспостави нови контакти за понатамошна соработка и да се разменат искуства и добри практики.

Учеството на овој саем е  и дел од активностите од проектот Бизнис Пријателска Сертификација на општина Струмица, со кој таа е сертифицирана како Општина со поволно бизнис опкружување

Покровител на овој саем е претседателот на Република Хрватска, Иво Јосипович, а домаќини се градоначалниците на Риека и Опатија и асоцијациите на градови и општина на Република Хрватска.

Comments are closed.