Струмичанецот Ване Андонов е победник на првиот турнир во тенис „Струмица тенис опен 2013’’ , а како награда тој освои тениски рекет „head radical’’ (Енди Мареј). Второто место го зазеде Панче Илиев, додека трето пласиран е Атанас Кобуров од Бугарија. Оваа година на натпреварот се пријавија 36 учесници, а помеѓу нив се наоѓаа и учесници од Бугарија, Штип, Радовиш, Кочани и Прилеп. „Струмица тенис опен 2013’’ се играше на тениските терени „Парк’’, во организација на ТК „Струмица 92’’