Тиверија од Велес се врати со три бодови

Тиверија во рамките од 7-то коло во втората македонска фудбалска лига, на гостински терен триумфираше против Борец 2009 со резултат од 2-3. Тиверија по триумфот над Борец 2009, се врати со нови три бодови, и скок на табелата од 13 место на 10 место со 9 бодови.

Со оваа победа Тиверија има можност да излезе од опасната зона која води во третата лига. Борец од 7-та позиција се сели на 9 позиција со 9 бодови колку што и Тиверија. Лидер на табелата е Тетекс со 16 бодови, а бод помалку има Силекс кој се наоѓа на втората позиција на табелата.

Табела: 1. Тетекс – 16 бодови

2. Силекс – 15 бодови

3. Миравци – 15б.

4. Маџари Солидарност – 15б.

5. Врапчиште – 13б.

6. Победа Јуниор – 11б.

7. Скопје – 10б.

8. Корзо – 9б.

9. Борец 2009 – 9б.

10. Тиверија Партизан – 9 бодови

11. Дрита – 7б.

12. Зајас – 7б.

13. Руфеја – 7б.

14. Новаци 2005 – 6 бодови

15. 11 Октомври – 4б.

16. Локомотива Бентоекс. – 2 бодови

Comments are closed.