На подрачје на општина Струмица во изминатава недела се случиле 6 покарактеристични кражби во кои е направена вкупна материјална штета од 254 илјади денари, пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.
Крадците ограбиле магазин, интернет кафе и куќи од каде се одземени пари, компјутери, авто – делови, бакар, војнички чизми, девизи и цигари.