Првопласираната екипа која победи на општинскиот натпревар во Струмица во состав од волонтерите на Црвениот крст – Струмица учествуваше на државниот натпревар во Прва помош што се одржа во Струга.
„Конкуренцијата беше голема. Иако не се вративме со првите три места , сепак освоивме солиден резултат. Нашата шестчлена екипа во Прва помош успеја да се справи со 19 повредени. Натпреварот беше проследен со многу дружење размена на искуства и убави спомени’’ – ги пренесе впечатоците од натпреварот Заге Каменчева од Црвениот крст – Струмица.
На овогодишниот натпревар што се одржи во Струга по 22. пат, учествуваа вкупно 24 екипи.