Велосипедската федерација на Mакедонија, Општина Струмица и велосипедскиот клуб „АКТИВ“ организира планински велосипедски маратон „Бела Вода’’. Маратонот ќе биде во две категории – Малиот маратон е 39 км (учество 350 ден.) и Големиот маратон е 78 км (учество 500 ден.).
Стартот ке биде во 11 : 00 часот, а за најдобрите следува парична награда.
Право на учество имаат сите љубители на велосипедизмот, а помладите од 18 години со дозвола од родител или старател, со технички исправен велосипед и задолжително носење на заштитна кацига.
Информации:
Димитар 070-214-680
Кире 072-253-999