Се снимаше спот за ,,Струмица опен 2013’’

Во пресрет на престојниот турнир во спортска ориентација ,,Струмица опен 2013’’ што ќе се одржи идниот месец и Европскиот шампионат идната година, ОК „Еделвајс’’ снимаше видео спот за убавините на овој спорт но и како најава на овие две  спортски манифестации.

Спотот се снимаше на повеке локации во Струмица,  илустрирајки ги спецификите на спортската ориентација а притоа промовирајки ги убавините на градот под Царевите кули. Видео спотот се снимаше на трим патеката ,, Св Илија,, црквата ,,Св.Кирил и Методиј,, Градскиот парк, ,,Глобал,,  пред Противпожарната единица. Во спотот освен натпреварувачите учествуваат и преставници на Полицијата, Струмичката болница и Противпожарната единица чии ресурси ќе се користат на двете спортски манифестации.

Како што е познато идниот месец од 17 до 20 октомври во Струмица и локалитетот Суви лаки ќе се одржи ,,Струмица Опен 2013’’ на кој ќе се одржат четири трки, дневна и ноќна во градот и две на локалитетот ,,Суви лаки,, на кој ќе учествуваат натпреварувачи од повеке европски земји.

Домаќин на овој турнир е ОК  „Еделвајс’’ кој се јавува и како организатор и домаќин на Европскиот шампионат во спортска ориентација кој ќе се одржи во јуни идната година.

 

Comments are closed.