Идниот месец во Струмица и локалитетот Суви лаки, во организација на Ориентациониот клуб,,ЕДЕЛВАЈС,, – Струмица и Македонската ориентациона федерација ќе се одржи турнирот во спортска ориентација „Струмица Опен 2013’’.
Овој турнир е влезен и во календарот на мегународната асоцијација во спортска ориентација, бидејки ќе биде увертира на Европскиот шампионат кој идната година ќе се одржи токму во градот под Царевите кули.
„Струмица Опен 2013’’ ќе се одржи во перидот 17-20 октомври на кој ќе има четири поединечни трки и тоа две во градот, една дневна и една ноќна и уште две на локалитетот Суви Лаки.
ОК,, Еделвајс,, на големо работи на организацијата на овој турнир бидејки на истиот ќе учествуваат голем број натпреварувачи од Европа, кои преставуваат дел од светската елита во спортска ориентација. Се очекуваат наптреварувачи од 10 тина држави да ги ,,тестираат,, патеките во Струмица и на Суви лаки се со цел да бидат поподготвени за Европскиот шампионат идната година.
„ Подготовките течат според планираната динамика. Струмица опен 2013 ке биде убава можност за струмичани директно да се запознаат со убавините на овој спорт кој е спој на брзина, вештина и умеење да се најдат контролните точки како во урбани така и во природни средини’’ – вели Тони Костов, техничкиот директор на „Струмица опен 2013’’.
Како што е познато по поднесување на кандидатурата ОК „ЕДЕЛВАЈ’’ и Македонија влезе во потесниот круг за избор на земја домаќин во конкуренција помеѓу Полска, Романија и Унгарија. На одржаниот состанок на Интернационалната Ориентациона Федерација во Лозана – Швајцарија, Македонија освои најмногу гласови од делегатите и го доби приматот да го организира оваа Европско првенство во периодот 25-28 Јуни 2014.