Долг аплауз и букети со цвеќе го дочека вечерва дванаестогодишниот гитарист Стојан Стојанов по завршеток на неговиот прв солистички концерт. Струмичани вечерва ја испунија салата во НУЦК „Антон Панов’’ дојдени за да го слушнат големиот струмички талент и уживаа во едночасовна класична музика која за нив ја свираше Стојанов.
Со концертот, Стојан го одбележи својот дванаесетти роденден како и почетокот на солистичката кариера, а по тој повод дувна и свеќички на роденденската торта.
Гордата фамилијаИнаку, до сега тој има освоено дванаесеттина награди. Први награди на домашни музички натпревари, апсолутен победник на Фуиџи натпреварот во Италија, Лауреат во Аранѓеловац, специјални награди.
Аплауз за младиот гитарист Честитки од училишните другари Среќен роденден!Со професорот по гитара: Васко Пиличев и Стојан Стојанов