Во големиот градски парк во Струмица, денеска се одржа ликовна колонија на тема „Дива сеча на дрва“. Колонијата се одржа во организација на еколошкото друштво „Планетум“, а во соработка со општина Струмица, средните општински училишта „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“, Младинскиот совет и други невладини организации и институции.
Ликовната колонија се реализира во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество, а целта е подобрување на соработката на сите заинтересирани страни за намалување на дивата сеча и зачувување на шумскиот фонд како природно богатство во регионот и на национално ниво.
Делата создадени на колонијата пред пошироката јавност ќе бидат презентирани на 26 септември на изложбата отворена на месноста „Чам Чифлик“ над Струмица, а по повод светскиот ден на чисти планини.