И оваа година, Организацијата на жени – Струмица организира редица обуки во струмичката градинка „Детска радост’’ во рамките на проектот „Во светот на детето’’. Целта на обуките е воспитувачите да се стекнат со практични знаења како сите деца од ова градинка да се вклучат во секојдневните активностите .
„Обуките повторно се одржуваат на барање на воспитувачките. Денес доставивме дидактички материјали, а потоа ќе следат работилници на кои предавањето ќе го држат афирмирани професори од Факултетот за образовни науки. Наша цел е да креираме креативен наставен план кој ќе го вклучи секое дете, независно од неговите афинитети и можности, во образовниот процес.’’ – изјави Ленче Христова од НО „Организација на жени’’.
Проектот „Во светот на детето’’ е организиран од страна на Организација на жени со финансиска подршка од Општина Струмица.