Младиот гитарист Стојан Стојанов утре ќе го одржи својот прв солистички концерт

Стојан Стојанов, младиот гитарист од Струмица кој добива само пофални зборови за својот талент и предвидувања дека еден ден ќе застане рамо до рамо со светските гитаристи, утре вечер со струмичани ќе  одбележи некои важни животни настани.

Во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 19 – ти септеври со почеток од 20 часот, тој ќе го одржи својот прв солистички концерт на класична гитара со што ќе го прослави својот дванаесетти роденден и почетокот на солистичката кариера.

На репертоарот во четврток ќе се најдат дела од Сор, Тарега, Бах, Пујол, Бустаманте и др. Влезот е слободен.

 

Comments are closed.