Споменикот е лоциран на тревната површина во Градскиот парк и преставува композиција од три скулптури од бетон, во природна човечка големина. Доминира фигурата на Гоце Делчев, па револуционерот – комита и фигурата на Назлам, синот на струмичкиот бег. И трите фигури се поставени на плато.
Авторот сакал преку овие скулптури на симболичен начин да го прикаже грабнувањето на Назлам – бег, настан кој се случил во септември 1897 година, при еден од престоите на Гоце Делчев во Струмица. Во грабнувањето учествувале Гоце Делчев, Доне Лазаров, Петре Кончалиев и други револуционери.
Дело е на академскиот ликовен уметник Борис Крстевски , а подигнат е по повод 75 –годишнината од Илиденското востание, односно во 1978 година.