Есенско чистење на градските гробишта во Струмица

На градските гробишта во Струмица во тек е акцијата за есенско чистење што ја спроведува јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Како што информираа од јавното претпријатие, со акцијата ќе биде опфатен целиот комплекс и сите гробни места ќе бидат исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци. Истовремено со чистењето  се обновуваат и патеките и се врши хортикултурно уредување.

Акцијата  ќе трае се додека целосно не заврши  чистењето на гробиштата. Ова е традиционална акција што секоја година  ја спроведува Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

Comments are closed.