Во месец август преку општинскиот сервис „Систем 48“ биле решени 96 проблеми на граѓаните од општина Струмица во повеќе области. Од вкупно доставените 107 пријави, 11 се во процес на решавање затоа што се работи за проблеми за чие решавање е потребно подолго време од 48 часа. Најголем број од пријавите во месец јули или 44 се од областа на уличното осветлување, 28 за собирање смет и 27 пријави за водовод и канализација.
Дека овој општински сервис е вистински партнер во решавањето на проблемите на граѓаните потврдува фактот дека од почетокот на оваа година заклучно со месец август решени се вкупно 674 проблеми од вкупно доставените 765 пријави од граѓаните. Останатите имаат инвестиционен карактер и се во фаза на решавање.