Годинава забранета е селската сеча. Од Шумското стопанство Беласица велат, граѓаните кои сакаат да се снабдат со огрев, да направат договор за испорака. Не важи досегашното правило, дел од жителите со одобрение од Беласица, самите да прават сеча.
Михаилов потенцира, внимателни да бидат и граѓаните кои купуваат дрва од приватни добавувачи. Мора да ги имаат сите документи за да не им бидат одземени дрвата.
Граѓаните велат, дека дрвото им е поефтино за греење отколку другите енергенси. Пред почетокот на грејната сезона, повеќето веќе го купиле и складирале огревот.
извор: Вис.мк