Во рамките на проектите во кои општина Струмица активно учествува како пилот општина, во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје, а во соработка со општината, во просториите на домот на АРМ се одржа едукативно предавање на тема „Тактики за мотивација на децата“ со посебен осврт на наградувањето како дел од повеќето тактики за мотивација.
На предавањето учествуваа наставници кои изведуваат одделенска настава во основните училишта од општина Струмица.
Предавањето го одржа г-ѓа Емили Фаулер-експерт од фондацијата Икспрајз, како гостин на амбасадата на САД во Република Македонија. Присутните на предавањето интерактивно дадоа свој придонес за нивните искуства во секојдневната работа со децата и нивната мотивација за искуствено учење и поучување.