Во изминативе седум дена, на подрачјето на општина Струмица се случиле две покарактеристични кражби, пишува во неделниот билтен на СВР Струмица. Крадците ограбили две куќи од кои однеле ЛЦД телевизори и машини за шиење при што е направена материјална штета од 70 илјади денари.
Во овој период се забележени и три нарушавања на јавниот ред и мир. Полицијата интервенирала во една тепачка, физички напад и расправање.