Минатата недела Територијалната противпожарна едница имала вкупно 10 интервенции во градот и населените места.Најчести проблеми биле запалени нискостеблести растенија, сува трева и отпаден материјал, а најдолгите интервенции се случиле на патниот правец- с. Сушица-с. Ново село и во атарот на с. Костурино каде пожарникарите интервенирале над два и пол часа.