Вечерва на струмичкиот плоштад започна натпреварот во улична кошарка кој ќе трае до 18 – ти септември. „Стрит баскет – Струмица 2013’’ беше отворен со натпреварот помеѓу екипите „Егзит’’ и „Гугл’’ од групата А, во кој Егзитовци победија со 13 поени разлика.
За овогодишниот Стрит баскет пријавени се 14 екипи кои ќе се борат за парични награди, и тоа: 20.000 илјади денари за прво место, 13.000 илјади денари за второ место и 7 илјади денари за третото место.
Резултати од денешните натпревари : Група А : 1. Егзит 15 – 2 Гугл 2. Вапцаров 15 – 12 Струмица Хорнет Група Б : 1. ПР Кафе 15 – 11 Огражден 2. Лазо Длгио 15 – 12 МКК Струмица Група В : 1. Далвина 15 – 13 Фиксед-Бетинг Група Г : 1. МАФ-МАФ 14 – 12 Ветерани