Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 11

Ацо Ѓоргиев

 

 

На Ева и’ ветив рајски живот.
За почеток и’ подарив смоквин лист.

***

 

 

Не дозволувам да и’ фали влакно од главата.
На друго место и онака нема.

***

Не е точно дека сум спиел со Мара.
Само “дремнавме” на нога.

***

Отпрвин и’ стоев на располагање.
Сега и’ лежам.

***

Синоќа пред полноќ и мене ме огреа сонце.
Мара го запали црвениот фенер.

***

Машка исповед : Од главата си патиме.
Кој од која.

***

И јули пројде.
На Jулија никако да и’ дојде.

***

Не е секој за морепловец.
Вчера Перо го насукал “бродот” на суво.

***

Летен афоризам : И’ ветив брда и долини.
Залудно, сака море.

***

Нашето маало стана опасно место за живеење.
Комшијата Перо доведе албанска секс бомба.

 

Comments are closed.